10 кратки вицови за повесел празничен ден
Се сеќавам на времето кога излегував со мајка ми на трчање. Јас напред, таа позади со влечката.
– – – – – – –
Дечко со паштета бара девојка со патлиџани, заради одење на одмор во Грција.
– – – – – – –
– Едeн милк шејк ве молам!
– Банана или јагода?
– Според вас, што е поубаво?
– Точеното пиво.
– – – – – – –
Еее другари Југословени, да бевте паметни, сега Европа ќе чекаше да влезе во ЈУ, а не вие да чекате за ЕУ.
– – – – – – –
– Бабо каква ти е таа 8-битна графика???
– Тоа е гоблен бе, тиквар…!
– – – – – – –
– Каде си?
– Во лудницата.
– Тоа ми е јасно, само во која, дома или на работа?
– – – – – – –
– Пијте по три пати на ден…
– Од кои апчиња докторе?
– Какви апчиња?!
– Златен сте, докторе…
– – – – – – –
Леопардот се наведнува да пие вода, си го гледа одразот и проржува:
– Ај пи*ка му мајчина, личам на турбо фолк пејачка!
– – – – – – –
Во денешно време бракот треба да се потпишува на 10 години, па потоа „фино-лепо“, како возачка, си го продолжуваш ако сакаш.
– – – – – – –
Час. Учителка потопува црв во чаша ракија. Црвот умира!
– Деца, каков е заклучокот?
Зоки:
– Кој пие ракија, нема глисти!
Коментирај анонимно