10 кратки вицови за повесел празничен викенд

На второ место сме в светот по верување во суеверија. Можевме да сме први, ама изгледа некој нè урочил.

– – – – – – –

– Ало, татко ти дома ли е?
– Не! Отиде на море.
– На одмор ли?
– Не! Со мама!

– – – – – – –

Кивам.
Луѓето:
– На здравје!
Баба ми:
– Ти пак оди бос, оди!

– – – – – – –

На интервју за работа:
– Покажете го вашето CV!
– Прво покажете ги парите!

– – – – – – –

– Слушам мажот ти умрел?!?
– Да.
– Долго ли се мачеше?
– Не! Бевме во брак само една година.

– – – – – – –

– Тато, зошто Земјата се врти?
– Како така се врти, бе!? Да не си ми ја испил ракијата?

– – – – – – –

Мажот се разликува од жената по тоа што пред да направи грешка, обмислува сè внимателно и тоа не еднаш! На крај пак ја прави грешката.

– – – – – – –

1 монитор – обичен програмер.
2 монитори – програмер со искуство.
3 монитори – врвен програмер.
4 и повеќе монитори – обезбедување.

– – – – – – –

Станувам во понеделник сабајле и што да видам, ме ограбиле!!! Некој ми ја украл желбата за работа…

– – – – – – –

Денеска температурата ќе била 45 степени. Се мислам дали да излезам надвор со сандали без чорапи?