10 кратки вицови за повесел претпразничен викенд

Во одделот за месо во супермаркетот:
– Извинете, имате ли мозок?
– Не.

– – – – – –

Математичарите открија нова равенка:
НЕ + 100€ = ДА

– – – – – –

Натписот „Паркинг за хомос*ксуалци” во Македонија е значително поефективен од „Паркирањето е забрането!“

– – – – – –

Сношти мажот ми се врти камен пијан, падна на подот во ходникот и заспа. Му фрлив една перница, го покрив со едно ќебе и го оставив таму.
Во 3 часот во ноќта слушам пцовки. Погледнувам, а тој лази по подот и вика:
– Жено, запали ја сијалицата, мори! Не можам да слезам од креветот!

– – – – – –

– Како ми поминува животот? Половина година собирам пари за море, половина година за дрва…

– – – – – –

Жената низ солзи му вели на мажот:
– Цели две недели ти повторувам дека не треба ништо да ми подаруваш за родениот ден, а ти успеа да го заборавиш…

– – – – – –

Две плавуши си прават муабет:
– Знаеш ли која е разликата меѓу киселото млеко и спе*мата?
– Паа… Не знам!
– Е па земи пробај кисело млеко и ќе видиш!

– – – – – –

Тој незгоден момент кога ќе помислиш дека си го запознала вистинскиот маж, а потоа сфаќаш дека си поголем маж од него…

– – – – – –

– Миличка, кога не си расположена да ти зборувам ли или да си молчам?
– Да! – одговара таа.
– А ај сега де?

– – – – – –

– Маче, колку кила си?
– 60 и кусур.
– Е колку е тој кусур?
– 40.