10 кратки вицови за повесел продолжен викенд

Секој човек има барем по еден колега идиот. Ако ти немаш, значи тој има…

– – – – – –

Пријатели утре ми се најавија на гости, ама со 3 деца се. Едното пред врата да чека?
#ЗаДругарПрашувам

– – – – – –

Решив да ја изненадам жената со стриптиз – цел ден се тркалав на каучот по боксерки…

– – – – – –

– Што е тоа финансиско-полов проблем?
– Си буричкам во џебот и… к*р!

– – – – – –

Хит зимски статус на социјалните мрежи:
– Маж со ракија, бара жена со туршија!

– – – – – –

Вака се одговара на трик прашање на интервју за работа:
– Зошто ја напуштивте претходната работа?!?
– А, вие зошто имате слободно работно место!?!

– – – – – –

Шефот се јавува во канцеларијата и ја прашува својата секретарка:
– Некој тиквар да не се јавуваше?
– Не, шефе никој не се јави! Вие сте првиот!

– – – – – –

Многу е важно киндерот да не е спрајс.

– – – – – –

Сношти таман да заспијам и кога се замислив – а нудистите како си ги чистат очилата?

– – – – – –

Девојка за брак не се бара во 2 часот во дискотека, туку на пазар во 6 наутро.