10 кратки вицови за повесел продолжен викенд

– Жено, ти нели вети дека ќе ослабнеш после свадбата?
– А бе ти 30 години живееш во Македонија и уште ли веруваш во предизборни ветувања?

– – – – – –

Кога кучето започне многу да лае му даваат леб! Кога човек започне многу да лае му го земаат лебот!

– – – – – –

– Господине, вчера ви испратив порака „Те сакам“. Го згрешив бројот. Не е за вас.
– Касно е. Жена ми веќе те бара.

– – – – – –

Дедо ми велеше:
– Креветот ако не се ниша доволно, се ниша врската.

– – – – – –

Жена ми се однесува со мене како со Бог… Со други зборови, скоро и да заборава дека постојам, додека не ѝ притреба нешто.

– – – – – –

Кога луѓето се бакнуваат, тие образуваат долг тунел со два з*дника на краевите.

– – – – – –

Психијатар е најперспективната професија во Македонија, затоа што расте едно поколение, коешто не знае да вари ракија!

– – – – – –

Гледам некакви глупи реклами на ТВ, зелен чај или зелено кафе за слабеење?! Каснете малку зелена салама и за еден ден – минус 10 килограми!

– – – – – –

Лета врапчето, се поти, одвај ги движи крилјата, а во канџите фатило и носи цела антилопа. Два дргуги врапци гледаат од страна:
– Што му станало на овој бе?!
– Абе остави, родител е, голема мака си има. Некој му подметнал во гнездото јајце од крокодил…

– – – – – –

– Здраво, што правиш?
– Возам и не можам да разговарам.
– Ти ѕвонам на фиксен бе, кретен!