10 кратки вицови за повесел продолжен викенд
Најчудно нешто на странците во Македонија е кога ќе дознаат дека и предметите си имаат мајка.
– – – – – – –
Учителката:
– Вашиот Лука е слаб по географија!
Таткото:
– Ништо страшно… Со нашите доходи и неговите можности далеку нема да стигне.
– – – – – – –
– Ако не ми го купиш фустанот, ќе излезам гола, да знаеш!
– И така и така ќе излегуваш, купи три пива од Тинекс!
– – – – – – –
– Tи pyсофил ли си?
– Hе. И црвенокоси сакам.
– – – – – – –
Старост – тоа е кога покрај тебе поминува многу убава жена и ти пречи да ги храниш гулабите.
– – – – – – –
Се караат двајца комшии:
– Комшија, знам зошто си толку нервозен. Кога последен пат си имал с*кс?
– Ако не ме лаже паметот, кога ти последен пати беше на риболов…
– – – – – – –
Ѝ реков дека е дебела. После тоа не ја видов цели три дена. Дури четвртиот ден почнав да ја гледам малку со левото око.
– – – – – – –
Питонот го сретнал зајакот и извикал луто:
– Еј, детиште! Точно ли е дека си се зафркавал со мене затоа што немам нозе?
Зајко одговорил:
– Извини брат! Тоа беше глупа зафрканција! Дај си рака и да заборавиме дека се случило!
– – – – – – –
– Ти сношти фудбал ли гледаше? – намуртено прашува сопругата.
– Да, до 3.
– Но мечот заврши во 10!?
– Да, ама ми остана пиво…
– – – – – – –
Мајката ја советува ќерката:
– Треба внимателно да си избереш сопруг. Татко ти може да поправи се што сака: автомобилот, струјата, водоводот или пак нешто од мебелот ако се скрши… Сакам да кажам дека ако си најдеш некој таков, никогаш нема да имаш ништо ново.
Коментирај анонимно