10 кратки вицови за повесел продолжен викенд

– Мамо, може ли да одам на диско на 10-ти јуни?
– Не знам, прашај ја жена ти…

– – – – – – –

– Ало, полицијата ли е тоа?
– Да.
– Вие нели прислушкувате разговори?
– Да.
– А да ве прашам, жена ми освен макарони и домати, што друго ми рече да купам?

– – – – – – –

Жена ми ми се налути и не ми зборува два дена, но јас најдов решение. Истресов пепел од цигарата на теписонот и разговорот започна.

– – – – – – –

Врв на љубомората.
Таа:
– Киваш, а? Пак некоја те фали на другарките, нели!?

– – – – – – –

– Што е оптимист?
– Тоа е маж којшто ја чека жена си со запален автомобил.

– – – – – – –

Велат дека патот кон машкото срце минува низ стомакот. Тоа е преку северниот пат. Има и јужен.

– – – – – – –

Кога ќе ја најдеш жената на твоите мечти, можеш да се простиш со останатите си мечти.

– – – – – – –

– Каде беше?
– Трчав!
– А зошто ти се мокри панталоните, а не маицата?
– Е па не трчав доволно брзо…

– – – – – – –

Изреката „Големината нема значење“ е толку утешна за мажите, колку што „Внатрешната убавина е најважна“ е утешна за жените.

– – – – – – –

Четиригодишниот Лука застанува среде деткото игралиште и почнува да пишти.
Татко му:
– Што ти е пак сега?
Лука:
– Ништо.
Татко му:
– Е значи ист си како мајка ти…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *