10 кратки вицови за повесел продолжен викенд

– Да не си била на фризер?
– Како позна? По фризурата или по бојата?
– Ми фалат 1500 денари.

– – – – – – –

Бабата го прашува зетот:
– Зете, за колку време ми тргнува возот?
Зетот:
– За 3 часа, 20 минути и 15 секунди!

– – – – – – –

Две плавуши седат во кафич. Поминува еден добро облечен бизнисмен.
– Леле, Цуци, каков маж! Сакам да имам кола од него!

– – – – – – –

– Баба Анѓо, зошто сите го викаат внук ти „Дипломата“? Да не си нема име?
– Има, како да нема, ама мајка му кога отиде да студира во Скопје, наместо со диплома се врати со него!

– – – – – – –

Велат времето сѐ и наеднаш ми светна. Значи затоа со часови чекаме пред вратите во државна болница!

– – – – – – –

На ручек:
– Мамо, лебот позеленел!
– Е ако де. Дај ѝ го на сестра ти, таа е веган.

– – – – – – –

Дефиниција за љубовница: Дублерка за исполнување на опасни с*ксуални трикови!

– – – – – – –

– Ало, миличок, си купив нови, преубави чизми!
– Ај да ти ѕвонам малку попосле, со луѓе сум, не можам да пцујам…

– – – – – – –

Ако не го храниш добро мажот, тој слабее и почнуваат да му паѓаат панталоните и тоа не дома.
Мудрост од баба ми

– – – – – – –

Еее, се сеќавате ли едно време… Влегуваш во продавница со 100 денари и излегуваш со еден килограм колбаси, 2 млека и шише ракија. А сега е невозможно… насекаде има камери.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *