10 кратки вицови за повесел продолжен викенд

– Јас сум најбрзиот во Скопје!
– Од каде знаеш?
– Девојка ми ми кажа.

– – – – – –

– Мила! Дојди тука! Пипни го, не се плаши, гледаш ли колку е тврд? Колку пати да ти кажам, да не го оставаш лебот без најлон…

– – – – – –

– Ти вчера ме остави Мартине, а денеска јас добив 1 милион на лотарија!
– Ана, труден сум!!!

– – – – – –

Ако можете да бирате меѓу убава кола и убава жена, дизел или бензин ќе изберете?

– – – – – –

– Пандемија или политика е коронавирусот?
– Државна религија е. Можеш да веруваш или да не веруваш во него, но си должен да ги почитуваш обредите и ритуалите.

– – – – – –

– Душо, цели 20 години сме во брак, а никогаш досега не си ми направила толку убаво кафе.
– Остави го, тоа е моето!

– – – – – –

– Тато, тато… зошто порано само мажите оделе војска, а жените не?
– А бе сине… замисли ја ти мајка ти со калашников… кога ќе се изнервира…

– – – – – –

– Јана има 2100 пријатели на Фејсбук. Секој недела додава уште 150. Математички гледано, што има Јана?
– Убав г*з.

– – – – – –

Јас само да прашам:
„Селфи“ скратено од селска физиономија ли иде?

– – – – – –

– На што прво обрнуваш внимание кога ќе видиш јака женска?
– Па, прво обрнувам внимание на мојата жена… Дали ме гледа…