10 кратки вицови за повесел викенд
Секој маж може да подари цвеќиња. Биди оригинален, плати ѝ ја сметката за струја!
– – – – – – –
На работа се чувствувам како во детска градинка – ми се плаче и сакам дома!
– – – – – – –
– Чорапите секогаш ми се во тон со долната облека.
– Но ти си боса?
– Точно.
– – – – – – –
Две плавуши ги делела една река. Едната викнала силно и ја прашала другата:
– Извини, како да поминам од другата страна?
А другата ѝ одговорила:
– Па ти си била многу глупа мори, ти си веќе на другата страна!
– – – – – – –
– Тоа не е глувче, сигурна сум. Нема опашка, значи е хрчак.
Од техничката поддршка:
– Добро, ајде сега кликнете со десното копче на хрчакот.
– – – – – – –
Прашање:
– Колку треба да е висок еден маж и колку треба да тежи за да го сакаат СИТЕ жени?
Одговор:
– Околу 54 сантиметри и околу 3 и пол килограми.
– – – – – – –
Доказ дека луѓето кои живееле многу одамна биле многу мудри:
Како жртва на боговите им ги давале девствените девојки. Да не се будали да им ги даваат тие што даваат.
– – – – – – –
„Храната платена од некој друг не содржи никакви калории!“ – Стара македонска поговорка.
– – – – – – –
Уште по свадбата со мојот се договоривме, еден ден пазарува тој, еден ден јас. Така живееме веќе 5 години, еден ден пиеме, еден ден јадеме!