10 кратки вицови за повесел викенд

– Ало брат, каде си бе, те снема?
– Во Охрид со две Холанѓанки. Се одмаздувам за Европското.

– – – – – – –

Едно прашање ме мачи секое лето:
– Вие со рамните стомаци, имате ли органи?

– – – – – – –

Знаете ли колку е тешко да си грд? Правам 10 селфија, а бришам 12!

– – – – – – –

Прашуваат успешен производител на вино:
– Која е тајната на добро одлежано вино?
Тој одговара:
– Во добро заклучената визба.

– – – – – – –

– Мажу, зошто си си ја купил таа кацига, кога немаш мотор?
– И ти пред некој ден си купи прслук, ама ништо не реков…

– – – – – – –

– Комшо, спиев со жена ти!?
– Е алал да ти е бе комшо, јас со твојата око не можев да затворам.

– – – – – – –

Ако мислите дека постовите ми се апсурдни, треба да ми ги видите одлуките во животот.

– – – – – – –

Отишол еден Македонец на печалба во Америка. Шета и гледа во облакодерите, кога наеднаш од еден облакодер скока гола жена. Нашиот се чеша по главата и вели:
– Е ова ти се вика стандард. Е*еш и фрлаш.

– – – – – – –

– Тато, тато, како е на англиски: „Баба беше на гости цела недела и денес ќе си оди?“
– Yeeeeeessssss, yes, yes, yes, yeeeeeeeeeessssss!

– – – – – – –

– Докторе, ако с*ксoт од 20 до 35 е гимнастика, што е над 40 годишна вoзраст?
– Физиотерапиja!