10 кратки вицови за повесел викенд

– Ќерко, одиш на роденден, еве ти неколку презервативи, да си имаш…
– Мамо, јас сум само 15 години!
– А јас сум 30.

– – – – – – –

Жените после 30 се како мафијата – многу гревови, а ниту еден сведок.

– – – – – – –

Ако мислите дека сте разбрале една жена – во право сте! Само си мислите.

– – – – – – –

Разговараат две пријателки:
– Денес се скаравме со маж ми за одморот. Јас сакам да одам на море!
– А тој?
– А тој сакал да дојде со мене…

– – – – – – –

– Леле изгледа ќебапите што ги јадев не беа во ред! Лошо ми е!
– Колку изеде?
– 36…

– – – – – – –

– Опишете ги вашите чувства при оргазам!
– Па, 8 секунди не мислам на хипотеката!

– – – – – – –

Таа сфати дека мора да си ги издепилира нозете, кога тој случајно ја погали во ноќта и рече:
– Шарко, бегај од тука!

– – – – – – –

Важно е леб и сол за жена ми да има, а јас можам да јадам и ќофтиња, сеедно ми е.

– – – – – – –

Се враќам дома и ја фаќам жена ми облечена во с*кси ноќница, со подвезици и роза во устата. Ја прашувам:
– Пак ли ја загоре манџата, а?

– – – – – – –

– Тато ако ми дадеш 500 денари ќе ти кажам кој спие со мама додека ти си на службен пат.
– Ево… – му дава пари таткото на синот.
– Јас!