10 кратки вицови за повесел викенд

Народ, којшто го пречекува четвртиот бран со маска од првиот, не може да биде уништен!

– – – – – – –

Жени со под 50 тегли ајвар да не ми пишуваат!

– – – – – – –

Се намачкав со заштитен крем од сонце, но пак се плашам да не изгорам, затоа што има многу ненамачкани.

– – – – – – –

Жената е како жива ограда. Ако не ја „кастриш“ редовно, ќе стигне до комшијата!

– – – – – – –

– Извинете, имате некаков конец во з*дникот!
– Тоа се купачи… Простак!

– – – – – – –

Тоа што таа тежи за двајца, не значи дека си правел тројка!

– – – – – – –

Вие што на екскурзија во автобусот седевте до класната…
Што се случи, успеавте ли во животот?

– – – – – – –

– Колку години имате? прашува судијата.
– Пааа, наполнив триесет… – шепоти жената.
– Добро, добро! А во која година?!

– – – – – – –

Во музеј:
– Тоа е Минерва – вели водичот.
– А тој позади неа, да не е мажот ѝ? – прашува некој од групата.
– Каков маж! Таа е божица на мудроста!

– – – – – – –

Дедо ми живееше 98 години, ама тогаш медицината не беше толку развиена.