10 кратки вицови за повесел викенд

Некои индијански племиња веруваат дека ако јадеш мечка, ќе бидеш силен и храбар. Ако јадеш пума ќе бидеш итар и брз. Се мислам, да не јадеме ние Македонците премногу јагнешко и свинско?

– – – – – – –

А бе да ве прашам нешто, некој знае ли што работат пратениците?

– – – – – – –

На интервју за работа ме прашуваат:
– Важна ли ти е платата?
– Ма не бе… светскиот мир ми е поважен!

– – – – – – –

Повеќето работи на почетокот немаат смисла, но ако си трпелив и ако вложиш љубов во нив, ќе видиш дека на крајот пак немаат смисла!

– – – – – – –

– Зошто не ме поканиш да излеземе да се напиеме нешто вечерва?
– Со задоволство, но не излегувам со мажени жени…
– Јас сум жен ти бе, глуп еден!
– Жал ми е, не правам исклучоци!

– – – – – – –

– Сакаш ли с*кс? – праша таа.
И Стефан веднаш сфати дека вечера пак нема!

– – – – – – –

– Мамо, што е тоа љубов?
– Љубов ли, ќерко? Тоа е кога на пијан и небричен клошар му велиш „сонце мое“.

– – – – – – –

Од мене да знаете: Индијанец и жена почнат ли да се шминкаат, голем лов ќе падне.

– – – – – – –

– Мојата жена нема никакви способности!
– А мојата е полоша. Таа на сè е способна!

– – – – – – –

На прв дејт најбитно е да утврдите дали сте роднини. Особено ако сте од Пехчево, Македонски Брод, Валандово, Кратово…