10 кратки вицови за повесел викенд

Љубов е кога на полувремето ќе и дозволиш да погледа турска серија.

– – – – – –

Ако 2020 беше држава, ќе беше Македонија.

– – – – – –

Ако поштарот носи пошта, што носи тогаш курирот?

– – – – – –

– Сине, ако сакаш некоја девојка, покажи ѝ го тоа!
– Мамо, ѝ го покажав и таа избега…

– – – – – –

Си седат две убавици и дискутираат за теоријата на релативност. Наеднаш едната вели:
– Ш-ш-ш-т! Доаѓа маж. Почнувај да зборуваш за козметика!

– – – – – –

– Каков ти е љубовниот живот?
– Ако бев мува, многу ќе ми се допаѓаше.

– – – – – –

Жената:
– Ти планираш ли да ми ја дадеш платата?
Мажот:
– Не сега, сега ме боли главата…

– – – – – –

Совет во 3 чекори за домаќинките, како да направите вистинска генералка во домот во недела:
1. Избркајте ги мажот и децата надвор.
2. Исчистете темелно сѐ.
3. Не ги пуштајте веќе внатре.

– – – – – –

– Тато, тато, навистина ли бракот бил како лотото?
– Глупости, сине! Во лотото барем имаш некаква шанса…

– – – – – –

– Вчера ја остави ракијата…
– Честито! А зошто си тажен?
– Не можам да се сетам каде ја оставив…