10 кратки вицови за повесел викенд

– Која е разликата меѓу камила и Македонец?
– Камилата може да работи цел ден без да пие, а Македонецот може да пие цел ден без да работи!

– – – – – – –

Значи жената можела многу внимателно да слуша што зборува нејзиниот маж, но само тогаш, кога тој зборува со друга жена!

– – – – – – –

Докторот ѝ вели на медицинската сестра:
– Пишете: “Черепна траума на главата”.
– Сакате да кажете мозочна траума? – го поправа сестрата.
– Не, штом на роденденот на жена му се вратил дома со љубовницата, тој нема мозок.

– – – – – – –

– Колку ме сакаш од 1 до 5?
– Не знам, јас тоа време спијам!

– – – – – – –

– Зоки, кажи ми најискрено кој ти го напиша домашното?
– Учителке, најискрено не знам! Рано си легнав.

– – – – – – –

Младото куче го прашува старо куче:
– Дедо, зошто ние цел живот носиме маски, а луѓето дури сега почнаа да ги носат?
– Гледај сега внучко… ние и во Вселената бевме први.

– – – – – – –

Македонија 2025. Мали огласи:
Барам да купам зејтин, втора употреба. По можност од плескавици.

– – – – – – –

– Колешкеее, да не бев женет…
– Колегааа, и да не беше женет…

– – – – – – –

Ако не си ги миеш чиниите после јадење, порано или подоцна, ќе почнеш да ги миеш пред јадење.
– Ергенска мудрост

– – – – – – –

Современа поговорка:
Не го оставај за утре, тоа што можеш да го направиш денес. Утре може да го забранат.