10 кратки вицови за повесел викенд

Толковен речник:
„МАЖ“ – невино и беспомошно суштество, лажено, манипулирано и користено од жени.

– – – – – – –

– Тато, знае ли Дедо Мраз што е тоа Play Station 5?
– А ти Play Station 5 ли си нарача?
– Да!
– Дедо Мраз не постои!

– – – – – – –

Дали знаевте дека кондомите имаат сериски броеви? Како ќе знаете кога не ги одвиткувате до крај.

– – – – – – –

Се зависи од тоа како гледаш на работите. На пример:
40° за едни е екстремно висока температура, за други е слаба ракија.

– – – – – – –

Внуката ја прашува баба си:
– Бабо, како порано сте ги провоцирале мажите, кога ништо не се гледало од вас од толку многу алишта?!
– Е па внучке… ние порано имавме мажи е*ачи а не како денешните – гледачи.

– – – – – – –

Отидов кај една гатачка да ми ја види иднината и ми вели:
– Гледам вила со базен, џип во дворот, а покрај базенот плавуша… и тебе те гледам, но на другата страна на оградата…

– – – – – – –

Таа:
– Имам маж!
Тој:
– После ќе се фалиме кој што има!

– – – – – – –

Во последно време си мислам:
– Каква е смислата на постоењето? Има ли Бог? И кој го оставил овој учебник по филозофија во тоалетот?

– – – – – – –

– Комшо, да дојдеш да ми ја поправиш чешмата, нешто ми капе.
– Е зошто не викнеш водоводџија?
– Абе ајде, па да ми испратат некој импотентен пензионер.

– – – – – – –

Јас веќе знам што ќе добијам за Нова Година. Како и секоја година… два-три килограми плус.