10 кратки вицови за повесел викенд

Почнувам да трчам…
Моето срце по 2 минути:
– Брат, или ти запираш, или јас…

– – – – – – –

На час по математика:
– Зоки, кажи барем една формула, за да ти пишам двојка!
– Формула 1.

– – – – – – –

И во недела да не ми ѕвоните во 16:30 часот на сабајле…

– – – – – – –

– Зошто се разделивте со девојка ти?
– А бе, два месеци само ми повторуваше „Ти не ме сакаш!“
– И што се случи?
– Е па ме убеди!

– – – – – – –

– Мамо, мамо мислам дека учителката го викна тато во училиштето, ама не сум сигурен.
– Зошто мислиш така?
– Учителката рече: Баш сакам да го видам идиотот што вака ти ја решил задачата по математика.

– – – – – – –

– Ќе ми дадеш ли 2000 денари?
– На заем ли?
– Не, бе – за успомен.

– – – – – – –

Сите ме убедуваат дека од многу алкохол се умира. Не би рекол! На „Титаник“ луѓето не умреа од многу алкохол, туку од многу вода.

– – – – – – –

– Слушам во вашиот крај паѓа снег.
– Ејјј, ти каков слух имаш бе брат!?

– – – – – – –

Поука за мажите:
– Кога вашата поубава половина одговара со „ШТО?“, тоа не значи дека не слушнала, туку ви дава последна шанса да го промените кажаното!

– – – – – – –

Индиец на интервју за работа во Англија тврди дека одлично го познава англискиот јазик. За да го тестираат му велат:
– Ајде употреби ги зборчињата Green, Pink и Yellow во една реченица.
По кратко мислење Индиецот вели:
– The phone is ringing – “Green… Green… Green”, I “Pink” up the phone and I say “Yellow”!