10 кратки вицови за повесел викенд

Вчера отидов на работа со нацртани мустаќи. Колешките со нацртани веѓи се згазија од смеење и ме направија ненормален!?

– – – – – – –

Оваа 2021 година ќе ја паметам по тоа што точно денес е точно 100-тиот ден без алкохол… (Деновите не се по ред).

– – – – – – –

– Синко, треба да вежбаш повеќе на пијаното!
– Колку повече мако, трет комшија веќе се обеси?

– – – – – – –

Тоj влезе вo аптеката и побара презервативи ХХХХL. Аптекарката откако преспа со него, сфати дека тој само имал говорна мана – пелтечел.

– – – – – – –

На шестиот ден Бог го создаде мажот. Потоа жената… потоа пак мажот, затоа што првиот избега!

– – – – – – –

Патуваш со автомобилот. Од левата страна – провалија. Од десната – огромен противпожарен камион. Пред тебе – галопира прасе, зад тебе лета ниско хеликоптер. Што ќе направиш за да излезеш од ситуацијата неповреден?
– Веднаш слегуваш од детскиот рингишпил!

– – – – – – –

– Мамо, дојди да ме земеш! Не сакам повеќе да си играм со овие деца!
– Ама како така ќерко, тоа се твоите деца!

– – – – – – –

Рамче и вели на Ајша:
– Ајше, јас тргнувам да служам војска, 2 години нема да сум дома! Внимавај што правиш! Трудна те оставам, трудна да те најдам!

– – – – – – –

На бизнис обука еднаш ни кажаа многу корисен совет: „Не го користете зборот ПРОБЛЕМ. Наместо тоа користете го зборот ЗАДАЧА”.
Сега сè си е на своето место и воопшто не мора за ништо да се грижам. Според таа стратегија излезе дека алкохолот не е мој проблем, туку моја задача.

– – – – – – –

– Жено, зошто си се запишала на бокс?
– Ќе сфатиш за некоја недела…