10 кратки вицови за повесел викенд

Една реченица која во целост го објаснува македонското здравство:
Купуваш сертификат од доктор со купена диплома.

– – – – – – –

Ако си побараш, веројатноста да зажалиш после 1-2 минути е голема, ако пак не си бараш, веројатноста да жалиш цел живот е 100%.

– – – – – – –

Две пријателки разговараат за животот. Едната вели:
– Види колку е интересен животот. Децата се нашата радост, а мажите – нашата слабост!
Другата ѝ одговара:
– Така е, пројавуваме слабост еднаш и после цел живот се радуваме!

– – – – – – –

– Која е разликата меѓу вистинскиот маж и папучарот?
– Папучар е тој, кому жена му секој месец му ја зема целата плата. Вистинскиот маж, сам си ја дава!

– – – – – – –

„Кама Сутра“ не може да го одрази се она коешто минува низ главата на возач, во моментот додека полицаец му пишува казна.

– – – – – – –

– Каде беше?
– Трчав…
– А зошто ти се мокри панталоните од напред?
– Не дотрчав.

– – – – – – –

Мажот:
– Фала богу, конечно престана да плачеш за тоа палто!
Таа:
– Не престанав, правам пауза!

– – – – – – –

Најстрашниот ѕвер – Жена на диета, во циклус, мачејќи се да ги остави цигарите и разочарана од мажите!

– – – – – – –

Го испратив мојот во самопослуга и си го исклучив телефонот. Крајно време е да стане самостоен. Се врати со 6 лименки пиво и 1 чипс!

– – – – – – –

Мажот излегува на терасата само по гаќи. Жена му:
– Што излегуваш така полугол! Не ли ти е срам?!
– Нека видат луѓето колку сум слаб и дека не ме храниш.
– Соблечи ги барем и гаќите, па нека видат зошто не те хранам.