10 кратки вицови за повесел викенд

Диспечерката во полицијата им јавува на сите колеги:
– Значи, утре во десет часот сите на состанок кај началникот. За тие со електронски часовници – во илјада!

– – – – – – –

Македонска народна психотерапија, којашто го решава секој проблем само со една фраза:
„Што го е*ам!“

– – – – – – –

Платата на Македонецот сè повеќе личи на хибриден автомобил: половина – бензин, другата половина – струја.

– – – – – – –

Некои рецепти на интернет треба да почнуваат со „земете си ден од одморот и половина плата…“

– – – – – – –

Ако жена ми изневери со Брад Пит – би ја разбрал. Ама него – не.

– – – – – – –

– Извинете шефе, но не сум земал плата веќе два месеци!
– Извинето.

– – – – – – –

Кај жените пикот на с*ксуалноста е меѓу 30 и 35 години. Кај мажите во 8 на сабајле.

– – – – – – –

– Миличок, кога ќе се земеме ќе имаме 3 деца!
– Од каде знаеш?
– Па сега живеат со мајка ми.

– – – – – – –

Бесна сум… Го казнив мажот ми еден месец без с*кс, а некаква простачка да земе и да ја отстрани казната!!!

– – – – – – –

Македонскиот јазик е многу концизен и лаконски. На пример натписот „Овде престојуваше еден македонски турист“ секогаш се состои од три букви.