10 кратки вицови за повесел викенд

Сопред последниот попис на Државниот завод за статистика, населението во Македонија се состои од 1 820 314 воени експерти (до вчера вирусолози).

– – – – – – –

Никогаш не спори со луѓе на коишто телевизорот им е поголем од полиците со книги!

– – – – – – –

– Добар ден, какво гориво да ви наточам?
– А не, јас само да разгледам.

– – – – – – –

Предлог за луксузна романтична вечера – салата од краставици со зејтин и печка на нафта!

– – – – – – –

На 8-март испрати ѝ анонимно букет цвеќиња и чоколадни бонбони на жена си! Ако се врати дома без нив, значи има љубовник!

– – – – – – –

– Господине, какви прекрасни деца имате!
– Да ви дадам ли расад?

– – – – – – –

Еден ден ќе најдете некој, кој ќе ве разбере како никој друг на светот и ќе ве чини 1500 денари од саат.

– – – – – – –

Велат дека ако јадеш мечка, ќе станеш силен и храбар како неа. Ако јадеш пума, ќе станеш итар и брз како неа.
Изгледа ние сме такви какви што сме затоа што јадеме само свињи, овци и кокошки!

– – – – – – –

– Што ќе правиш за време на викендот?
– Ама, и за време на викенд ли треба нешто да се прави?

– – – – – – –

Поради тоа што големите сили ѝ го прават на Украина, од денес објавувам тотална неутралност! Го запирам пиењето на водка и виски и преминувам само на домашна ракија!!!