10 кратки вицови за повесел викенд

Животот на женетиот маж се дели на два дела:
Пред да си го заборави телефонот дома и после тоа.

– – – – – – –

Вo Европа возат од десно, во Англија возат од лево, а ние во Македонија возиме таму каде што нема дупки!

– – – – – – –

Влегов во продавница и гледам сите рафтови празни… нема млеко, шеќер, макарони, масло. Ми пукна филмот, започнав скандал, а тие ме избркаа, затоа што продавницата била за мебел.

– – – – – – –

– Каде одиш бе облечен само сo бањарка и пешкир?
– На фитнес!
– Така, ли?
– Се запишав само заради тушот, поевтино е отколку да го вклучувам бојлерот!

– – – – – – –

Жена ми ме прашува:
– Добро бе, ќе умреш ли ако барем еден ден не пиеш?
– Е, од каде да знам дали ќе умрам, ама зошто да ризикувам.

– – – – – – –

Жена ми се налури дека не ми се допаѓа нејзиното јадење. За да не ѝ противоречам, си отсеков уште едно парче супа…

– – – – – – –

Като дете многу се плашев од пијаници. После пораснав и сфатив, дека ние ништо лошо не правиме!

– – – – – – –

Англиските научници утврдиле дека 90% од девојките кои што велат„Мамо, јас оваа вечер ќе спијам кај една другарка“ воопшто не заспиват.

– – – – – – –

За што им служат тие перки на авионите?
– За да го ладат пилотот.
– Ајде бе, не ми се верува!
– Е па запри ги да видиш како пилотот ќе се препоти веднаш.