10 кратки вицови за повесел викенд

Македонија. Предизборно:
– Ако гласате за нас, после 4 години ќе живеете подобро од Германците.
– Зошто, каква катастрофа ќе им се случи на Германците?

– – – – – – –

Ако сте почнале да личите на сликата од личната карта, тогаш ви е време за одмор или за пензија.

– – – – – – –

Вести 2135 година:
– Пуштена е првата дедовна линија Земја-Марс.
– Реклами.
– Распишан е нов тендер за продолжување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

– – – – – – –

– Пред нашата свадба постојано ми велеше дека сум твоето сонце, а сега секоја вечер заспиваш во кафаната.
– Е што е толку чудно? Од толку сонце – горештина. Од горештината – жед.

– – – – – – –

– Драги, осам кај мама, ќе се вратам во недела. Да направам ли нешто за тебе?
– Не, тоа е доволно!

– – – – – – –

Имам една комшивка, 90-годишна баба. Ѝ давам понекогаш по една чашка ракија.
Вчера ми вели: „Еј внучко, што ќе правам јас кога ќе умреш?!“

– – – – – – –

Гледам на вести, пак требало да го местам часовникот. Преку глава ми дојде веќе! Прво беше во дневната, па во кујната. Останува да го преместам во бањата, а во октомври на терасата.

– – – – – – –

Не им е лесно на жените. Прво татковците им забрануваат да се гледаат со мажи, а потоа сопрузите.

– – – – – – –

– Жено, што има за јадење?
– IKEA-сандвич!
– Каков ти е тој сендвич?
– Се е во фрижидерот, само треба да го составиш.

– – – – – – –

– Четвртина бурек со месо, една баничка со сирење, еден јогурт и една крофна.
– За тука или за дома?
– За тука. Дома сум на диета.