10 кратки вицови за повесел викенд
Барам нов психијатар, затоа што стариот ме блокираше.
– – – – – – –
За време на операција со локална анестезија:
– Смири се Иво, тоа е само еден основен рез со скалпелот.
– Докторе, не се викам Иво.
– Знам. Јас сум Иво.
– – – – – – –
– Мажу, лицето ти стана побледо од перницата! Да не ти е лошо нешто?
– Не, туку треба да ги смениш навлаките.
– – – – – – –
– Драги, имам една добра и една лоша вест!
– Почни со добрата!
– Ќе ни дадат 10% попуст во автосервисот…
– – – – – – –
Запамтете:
Ако тештата почнува да Ве вика “сине”, најверојатно веќе е пролет и во градината има многу работа!
– – – – – – –
– Добро утро, госпоѓо! Како е Вашата главоболка денес?
– Стана рано и отиде на риба…
– – – – – – –
– Браво ма жено! Ја изеде целата торта, без да помислиш на мене!
– Напротив, баш помислив на тебе, ми се слушна дека доаѓаш!
– – – – – – –
“Сабота еее!” – извика мозокот и го однесе зад*икот во непозната насока.
– – – – – – –
49% од багажот на една жена е “Никогаш не се знае” и 39% – “За секој случај”.
– – – – – – –
Тој:
– Ајде.
Таа:
– Не!
Тој:
– Јас два пати не молам.
Таа (брзо):
– Јас два пати не откажувам.