10 кратки вицови за повесел викенд
– Го заврши ли факултетот?
– Да, да, запишав и втор, и тој го завршив!
– Браво, а колку ги даваш марулите?!
– – – – – – –
Порано луѓето беа начитани, а сега се нагуглани!
– – – – – – –
Летен распоред:
Муви 6:00 ч. – 18:00 ч.
Комарци 18:00 ч. – 6:00 ч.
– – – – – – –
Ако жена ти те праша, зошто шишето со ракија е половина празно, да знаеш, си се оженил за песимистка.
– – – – – – –
Во денешно време е тешко да сретнеш љубезен човек, којшто не се обидува да ти продаде нешто.
– – – – – – –
– Келнер, во оваа салата од ракчиња нема ракчиња!?
– Па нормално е тоа. Во грчката да не има Грци?
– – – – – – –
Бабите, коишто преку годината се однесувале добро, ќе ги добијат внуците за целото лето!
– – – – – – –
Смартфонот е ѓаволски изум! Потопете го во света вода и веднаш престанува да работи!
– – – – – – –
Едно научно истражување дојде до заклучок дека мнозинството луѓе коишто виделе летачка чинија се женети!
– – – – – – –
– Здраво! Намерно не ти пишав толку долго, за да почнам многу да ти недостигам!
– Веќе сум женет. Имам и деца…