10 кратки вицови за повесел викенд

Инструкторот:
– Кога возиш, треба да си како маж на плажа. Главата гледа напред, а очите шараат на сите страни…

– – – – – – –

Македонска пензионерка се искачи на Монт Еверест со фразата: „Јас само да прашам нешто…“

– – – – – – –

– Мажу, камо да беше малку поромантичен!
– Ти и така роди осум деца мори, што правиме ако бев и романтичен…

– – – – – – –

Мажот е како фрижидерче за на плажа – ако го наполниш со пиво или ракија, можеш да го влечкаш насекаде.

– – – – – – –

Возам на работа сабејле во гужвите пред Рамстор и гледам еден маж се бричи зад воланот!
Од изненадување за малку ќе ми паднеше карминот во кафето!

– – – – – – –

– Госпоѓице, сакате ли да ја разбудам жената во вас?
– Абе ај прво покажи го будилникот да го видам!

– – – – – – –

– Здраво, се јавуваме од Лајка, имаме пријава за една кучка на вашата улица…
– Барајте ја кај мајка ѝ, се разведовме пред еден месец.

– – – – – – –

– Мажу, сакаш ли да те пипнам на едно место и да потскокнеш?
– Само смеј да ми го пипнеш паричникот!

– – – – – – –

И најскапаниот ден може да се среди со малку сон, парченце чоколадо и добар с*кс. Но! Ако сето тоа не помогне, извадете ја ракијата!

– – – – – – –

Си купив часовник со мерач на чекори. За една година поминав 3286 км. Истата таа година сум испил 128 л. ракија. Значи потрошувачката ми е 3.9 на 100 км.!