10 кратки вицови за повесел викенд
– Синко, јадеше ли?
– Мамо, јас сум женет!
– Затоа прашувам…
– – – – – – –
Со денешните цени на гравот, веќе не е срамота да прднеш.
Тоа е само начин да се пофалиш дека си во добра финансиска состојба!
– – – – – – –
Прашање:
– Зошто Мексико немаат олимписки претставници по лесна атлетика?
Одговор:
– Затоа што сите што можат да трчаат или да пливаат, веќе се во САД!
– – – – – – –
– Мажу, само што влегов во собата на децата, а тие прават магии и викаат демони!
– А тебе не ли ти стана чудно што баш во тој момент влегуваш ти?!
– – – – – – –
По одењето се познава, кој влегува во морето за задоволство, а кој по „работа“.
– – – – – – –
Оглас:
„Барам стан под кирија. Ве молам во понудите да има и слики од комшивката!“
– – – – – – –
На пат кон работа во понеделник сабајле, таа застана сосема блиску до еден дедо во автобусот, за луѓето да си мислат дека од него мириса на лук и ракија!
– – – – – – –
Статистиката вели дека во текот на еден просечен живот, жената поминува по околу 7 години во бањата, а мажот поминува по околу 3 години пред вратата прашувајќи ја: „Готива ли си?“
– – – – – – –
– Жено, супата што си ја направила беше малку недосолена.
– Каква супа бе? Јас само го накиснав тенџерето!
– – – – – – –
Колку се постари мажите, толку се побогати…
Сребро во косата, злато во забите, камења во бубрезите, шеќер во крвта, железо во артериите, недвижен имот во панталоните и неисцрпни резерви на природен гас.
Коментирај анонимно