10 кратки вицови за повесел викенд

Се раѓаш гол, мокар, веднаш ти плескаат шамар и почнуваат да те мерат и споредуваат! Потоа станува уште полошо…

– – – – – – –

Психијатарот:
– Раскажете ми се од почетокот…
– Оф… пак ли…? На почетокот ги создадов небото и земјата…

– – – – – – –

– Каде си, миличок?
– Дома, љубов моја!
– Не ти верувам! Сликај ја жена ти.

– – – – – – –

Пред касата на Македонска Опера и Балет застанува плавуша:
– Две карти за првиот ред!
– За “Тоска” или за “Борис Годунов”?
– Не, за мене и за дечко ми!

– – – – – – –

Прашање:
– Како да дознаеш дека си најгрдиот во друштвото?
Одговор:
– Секогаш тебе те тераат да ги сликаш.

– – – – – – –

– Мори Мацо, ти зошто на мојот маж си му подарила боксерки???
– Па, го гледам се едни и исти носи…

– – – – – – –

– Те сакам!
– А жена ти?
– Таа не те сака.

– – – – – – –

Љубовник – тоа е симпатичен маж, кој не мора да го храниш и переш.

– – – – – – –

Мозокот најдобро се гледа кога ќе ја отвориш устата!

– – – – – – –

Бабата го прашува таксистот:
– Колку е сметката?
– 200 денари.
– Еве ти 100.
– Зошто само 100?
– Па нели и ти се возеше?!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *