10 кратки вицови за повесел викенд
– Докторе имам низок крвен притисок? Што ми препорачувате како природен лек?
– Ожени се!
– – – – – – –
До 40 години докажуваш дека си маж. По 40 години докажуваш дека си млад.
– – – – – – –
На мажите само едно им е во главата – да не згасне човештвото.
– – – – – – –
Сезоната на „Не ме пипкај, изгорев“, нагло премина во „Не ме пипкај, студени ти се рацете“.
– – – – – – –
Сирената на автомобилот се користи за предупредување со цел да се спречи несреќа. За истата намена се користи и за време на свадба, но во повеќето случаи веќе е доцна.
– – – – – – –
Женска народна мудрост:
„Тоа, коешто не го памтам, не се ни случило!“
– – – – – – –
Вишок килограми – Тоа е проблем на нозете создаден од рацете кои бутаат во устата се што ќе стигнат!
– – – – – – –
– Драги, ти дали би ми простил ако те изневерам?
– Никогаш!
– Значи ист си како мажот ми…
– – – – – – –
– Запомни! Црвено вино со месо, бело вино со риба.
– А ракија?
– Паа… ракијата е универзална. Дори и со баклава оди.
– – – – – – –
Соопштение: Заради војната во Украина поскапе паркингот во Скопје. Затоа што Украина е најголем производител на паркинзи во Скопје во светот.
Коментирај анонимно