10 кратки вицови за повесел викенд
Современа домаќинка ѝ раскажува на својата другарка:
Си седам јас на телефонот и осеќам мирис на печени компири. А ги ставив да се варат…
– – – – – – –
– Која е најглупата работа во којашто сте верувале кога сте биле дете?
– Дека спиењето е казна.
– – – – – – –
Ако на мажот му е лошо, тој ја бара жената.
Ако на мажот му е добро, жената го бара него.
– – – – – – –
Човек поминува 1/3 од својот живот во креветот.
Останатите 2/3 поминуваат во обиди да се внесе уште некој во тој кревет.
– – – – – – –
– Мажу, зошто кокошките на комшиите престанаа да доаѓаат во нашата градина?
– Вечерта кришум ставив дваесет јајца во нашиот кокопарник, а сабајлето ги собрав пред очите на комшиите.
– – – – – – –
– Се согласуваш ли да се омажиш за мене и да сме заедно во добро и лошо, во радост и мака, во богатство и сиромаштија?
– Да, да, не, да, не, да, не.
– – – – – – –
– Што ќе правеше ако имаше еден милион евра?
– Ништо.
– – – – – – –
Една наставничка по македонски јазик родила близнаци. Веднаш му испратила СМС порака на мажот:
„Машки род, множина.“
– – – – – – –
Ако зетовците се разбираа со бабите, човештвото немаше да се расели по целата планета!
– – – – – – –
Комшивката гласно воздивнува на балконот:
– Уф, ме болат колената.
Друга комшивка од друг балкон:
– Да читаше книги ќе те болеа очите!
Коментирај анонимно