10 кратки вицови за повесел викенд

– Докторе, кажи ми на чист македонски што ми е?
– Многу пиеш!
– Добро! Ајде сега и на латински, зошто треба да ѝ кажам нешто и на жената!

– – – – – –

Си живеев тивок и спокоен семеен живот, додека еден ден жената забележа дека комшивката си ги мие прозорците со моите боксерки…

– – – – – –

Какви времиња дојдоа – прехранбените производи станаа со поголем рок на траење од белата техника.

– – – – – –

– Жено, некој да не ме бараше на телефон додека бев во бањата?
– Не, само братучед ти Мартин ти пиша на Вибер дека уште му касни.

– – – – – –

Кога бев мал воопшто не ми беше гајле како сум облечен, зошто за тоа се грижеа моите родители. Денес разгледував стари слики и утврдив дека и ним воопшто не им било гајле.

– – – – – –

Знаете ли кој му го дал името на компанијата на Бил Гејтс – МикроСофт?!
Жена му, на првата брачна ноќ!!!

– – – – – –

– Здраво Кире, што правиш?!
– Извршувам семејни обврски, не можам да зборувам!
– Какви семејни обврски бе, нели не си женет?!
– Туѓи бе брат, туѓи…

– – – – – –

– Мамо, ќе правиме тест по географија. Каде се наоѓа Португалија?
– До Шпанија, сине.
– А Бермудите?
– Во втората фиока.

– – – – – –

Се враќа мажот доцна од работа, жената спие, на масата ливче:
– Супа, мусака, с*кс. Знаеш, кое каде е.

– – – – – –

Го паметите ли времето кога најстрашното нешто во животот беше:
– Сега затворете ги учебниците и извадете по два листа од средината!