10 кратки вицови за повесел викенд
На дождот најлесно поминуваат ќелавите. Само ќе си дојдат дома и ќе се избришаат со трулекс.
– – – – – – –
– Комши, абе зошто кучето ти е бело, а си го крстил Жолчко?
– Па и твојата жена се вика Убавка!
– – – – – – –
Животот во Македонија е многу поразличен од западниот. На пример, на моите деца никогаш не им паднало на памет да избегаат од дома, но мене и на маж ми да.
– – – – – – –
Убаво е кога некој ќе ти каже дека му фалиш. Јас каде и да одам сите ми велат „Уште само ти ни фалеше“
– – – – – – –
Блокирањето на роднините по социјалните мрежи е половина здравје.
– македонска народна поговорка.
– – – – – – –
Мажот што знае да сака треба да има 5-6 жени, а не само една. Штета е знаењето да му пропаѓа.
– – – – – – –
– Докторе, се будам ноќе и не можам да спијам. Што да правам?
– Отвори пекара.
– – – – – – –
– Шефе, кога ќе има плата?
– А да те прашам, ти девојка имаш ли?
– Имам.
– Е па тогаш добро е, љубовта е најважна, не е се во парите.
– – – – – – –
Личноста која што никогаш не ја работела твојата работа, а ти кажува како да работиш се вика МЕНАЏЕР.
– – – – – – –
Во нормалните земји се чука на вратата од тоалетот. Кај нас само се гаси светлото, па ако некој викне, значи дека е зафатено.
Коментирај анонимно