10 кратки вицови за повесел викенд
Научниците во лабораторија успеаја да направат нов вид на месо, со вкус на говедско и свинско истовремено. Му дадоа комбинирано име. Новиот продукт „Говнинско“ веќе се користи за производство на виршли!
– – – – – – –
Колку е внимателен еден маж се мери во цртички.
– Една цртичка – внимателен.
– Две цртички – невнимателен.
– – – – – – –
Ако BMW помине покрај сервис и не запре, значи дека му откажале кочниците.
– – – – – – –
Бабата започна да се сомнева дека внуката работи како наставничка во Скопје, отако за минута и пол ја измолзи кравата.
– – – – – – –
Омилената реченица што секоја баба му ја кажува на внучето:
„Ајде бабино, касни ги овие пет плескавички за да ја измијам тавата!“
– – – – – – –
Маж се враќа вечерта од работа, жена му седи и му ги крпи чорапите. Тој зачудено ја прашува:
– Здраво мила, што правиш?
– Направив супа, испеков колбавчиња на скара, направив и еден кекс за десерт, исправ три машини алишта, ги исчистив прозорците и сега седнав да ти ги закрпам чорапите. И ако утре пак заборавиш да го платиш интернетот, ЌЕ ТЕ УБИЈАМ!!!
– – – – – – –
– Треба да престанеш да пиеш пиво.
– Ама, како така од еднаш…
– Наместо едно пиво, јади по едно јаболко.
– Докторе, кој нормален јаде по 20-30 јаболка на ден?
– – – – – – –
– Мајсторе, колку работа ќе има за ремонтот на мојот автомобил?
– Не многу, ја извадивме предната регистрација, потоа задната, а на крај монтираме нов автомобил меѓу нив!
– – – – – – –
Жената му вели на мрзливиот маж кој по цел ден само лежи пред телевизорот со пивото во рака:
– Една работа не ми е јасна… Од сите сперм*тозоиди, како баш ти излезе најбрзиот, бе…
– – – – – – –
Жената го посетува мажот во затворот:
– И, како ти е тука?
– Исто како дома – не те пуштаат да излезеш, а храната никаква…
Skokotni me da se nasmeam. Gluposti na kub i na kup
Robert ne gi svanal vicove.
Роберт читај повторно
Коментирај анонимно