10 кратки вицови за повесел викенд

Одиш кај дрводелец – по подот полно струготини.
Одиш на фризер – по подот полно коса.
Одиш во банката – никакви пари по подот, дури и пенкалото е врзано со конец.

– – – – – –

Две деца си прават муабет:
– Вие се молите ли пред да почнете да јадете?
– Не, мајка ми знае да готви…

– – – – – –

Сопружниците долго време водат љубов. Мажот истоштен не може повеќе. Жената го сожалува:
– Ех миличок мој, како си ми капнат, сега да имаше некој да те замени…

– – – – – –

Најтешкото нешто во одгледувањето на дете е да му го истрпиш другиот родител.

– – – – – –

Женско објаснување за брак:
– Кога моите пари си се мои и твоите пари исто се мои.

– – – – – –

На фризер:
– Сакам да ме направите убава.
Фризерот си мисли:
„Да да, сигурно. Тоа татко ти не успеал, па јас ли?“

– – – – – –

До пред некое време мажот ми не веруваше во бог, но стана многу религиозен откако зедов возачка дозвола.

– – – – – –

Три дена и три ноќи се тепале Крали Марко и Ламјата. На крај дошла на Крали Марко жена му… и им ги земала џоистците.

– – – – – –

Пак реши да ме изнервираш а? Наместо цел викенд да пијам смирено, сега цел викенд ќе пијам да се смирам.

– – – – – –

„Не ме вади без повод, не ме враќај без чест!“ Ова го пишува на самурајскиот меч. Истото треба да го пишува и на машките гаќи!