10 кратки вицови за повесел викенд

– Ало шефе, извинете што се јавувам во недела, но само да ви кажам дека во понеделник ќе задоцнам за работа.
– Кога ќе дојдеш?
– Во среда.

– – – – – –

Овој понеделник ќе биде најтешкиот ден за државните службеници, затоа што освен варење кафе, ќе мора да скинат и лист од календарот.

– – – – – –

Конечно објаснување:
Состојба на врска на Фејсбук „Сложено е“, во превод значи:
„Како да ви кажам, се влечам со еден партал тука, колку да ме води натаму-наваму, ама вие прачајте понуди – се разгледуваат веднаш.“

– – – – – –

Прашуваат просечен Македонец:
– По колку часа спиете секој ден?
– Паа… два – три часа!
– Многу малку!
– Не е малку, таман е ако сум преспал ноќта 8!

– – – – – –

Прво правило на мрзата:
– Ако не можеш да дофатиш нешто лежејќи, значи дека не ти треба!

– – – – – –

Влегува секретарката во канцеларијата на шефот.
– Шефе, две вести – лоша и добра.
– Ај прво добрата.
– Не сте стерилен.

– – – – – –

Американците си одмараат дома за викендот од напорната работна недела. Ние си одмараме во понеделник на работа, од напорниот викенд.

– – – – – –

– Дедо, што е тоа јавно мислење?
– Тоа внучко е мислењето на тие, кои што никој не ги прашува!

– – – – – –

Од понеделник многу луѓе ќе почнат да одат на фитнес со автомобил, за да возат велосипед во место.

– – – – – –

Рак, простак и мерак са неизлечиви болести.