10 кратки вицови за повесели празници
Полицаец застанува до една жена, којашто вади пари од банкомат:
– Колата паркирана на пешачкиот премин ваша ли е?
– Да.
– Извадете си 3000 денари повеќе…
– – – – – – –
– Мамо, ќе си имаме маче!
– Така ли?
– Да, го слушнав тато му рече на телефон да дојде кај нас вечер кога ти ќе бидеш трета смена!
– – – – – – –
– Кога се нервираш си уште пос*кси!
– Госпоѓицеее… трет пат ви велам, дајте ми ги документите…
– Ау, ау, ау, лош полицаец!
– – – – – – –
Бев дете за пример. Родителите им велеа на другите деца за мене:
– Не правете како него!
– – – – – – –
– Абе… мноу ти е крив.
– Ти изгледа си кривогледа!
– Кога се загледав поубаво, изгледа сум и кусогледа.
– – – – – – –
Ако на крајот на работниот ден си со 82% батерија на телефонот, напуштај од таа работа!
– – – – – – –
Седнал полицаец на детектор на лага. Операторот му објаснува:
– Секој пат кога ќе излажете, ќе се слушне сигнал „Пииип“. Разбравте ли?
– Да!
– ПИИИП!!!
– – – – – – –
Животот е како голем супермаркет. Земаш што и да посакаш, но не заборавај – на крајот има каса и ќе мора да платиш за сè!
– – – – – – –
Докторе, сè ме боли.
– Фокусирајте се! За сè нема да ви стасаат парите!
– – – – – – –
Жената му вели на мажот:
– Да знаеш само колку мечтаам да полетам на Марс!
– И јас исто!
Таа, скоро насолзена од милост:
– Тоа е чудесно драги! И двајцата мечтаеме да полетаме на Марс…
– Не е точно… и двајцата мечтаеме ти да полеташ на Марс!