10 кратки вицови за продолжено викенд расположение

– Чичко Ставрe, како е новиот слушен апарат?!
– Пет и дваесет!

– – – – – – –

– Ја фатив мојата со некаков Французин!
– И што му рече?
– Ништо, јас германски учев.

– – – – – – –

Еден ден на Меркур е долг 1408 часа!
Исто колку и еден понеделник на Земјата!

– – – – – – –

– Доктope, жена ми се заразила со се*суално преносллива болест! Што да правам?!
– А зошто не дојде таа лично?
– Затоа што уште не знае…

– – – – – – –

Зошто кога ја прават онаа работа, жените ги затвораат очите?
Затоа што не сакаат да гледаат како мажот си поминува добро.

– – – – – – –

– Ало, добар ден! Немам интернет.
– Со рутер ли сте?
– Не. Со баџанакот сме.

– – – – – – –

Ништо не го лекува мамурлакот подобро од позитивен тест за бременост.

– – – – – – –

Во градинка воспитувачката прашува:
– Ајде сега да видиме кој беше најпослушен минатата недела, кој ја направи мама најсреќна и кој правеше сѐ што ќе му рече мама?
Едно дете крева рака.
– Ајде Зоки кажи!
– Тато.

– – – – – – –

– Барам работа!
– Имате ли искуство?
– Се разбира, две години веќе барам…

– – – – – – –

– Ало!?
– Здраво, се јавувам од здружението за заштита на животните…
– Ааа, ние се разделивме, барајте го кај мајка му.