10 кратки вицови за слатко смеење
Шефот ме вика „Компјутерот“. Не затоа што многу добро работам, туку затоа што заспивам кога го нема повеќе од 15 минути…
– – – – – – –
Ќе си купувам iPhone 12 pro max. Може ли да ги прашам тие кои го користат:
– Од каде ги најдовте парите за да го купите?
– – – – – – –
Ако мажот ѝ ја отвора на жената вратата од автомобилот, значи дека едната од нив е нова!
– – – – – – –
Во Македонија, поскапо од здравјето може да биде само лечењето.
– – – – – – –
Сопругата е како омилената јакна. Ја сакаш, се разбира, но зошто ти е кога одиш на море.
– – – – – – –
Две плавуши се шетаат на улица:
– Цуци, имаш ли “Тик-так”?
– Дааа… петнаесет за два е!
– – – – – – –
Матурантите мислат дека најтешко во животот е да најдеш вистинска љубов. Тоа е затоа што уште не почнале да бараат работа.
– – – – – – –
– Мамо, страв ми е, во мојата соба има чудовиште!
– Ааа… таква си ја доведе сношти од дискотеката, сине!
– – – – – – –
Прво детето постојано бара нешто од вас, а вие сакате да ве остави на мира. Подоцна вие постојано барате нешто од детето, а тоа сака да го оставите на мира!
– – – – – – –
– Што правиш?
– Гледам натпревар во кревање тегови.
– Мажи, или жени?
– Уште не можам да сфатам.