10 кратки вицови за смеење до солзи

– Кој ден е денес?
– Вторник.
– Еј у ПМ, крај нема оваа недела…

– – – – – –

– Ало мамо, овој мојот неблагодарник Томе пак не сака да го јаде гравот!
– Кажи му колку тешко се прави, дека се вари 3 часа…
– 3 часа ли? А не ли беше 30 минути?

– – – – – –

Ако веќе ви е преку глава од работата, значи е вторник сабајле.

– – – – – –

– Ало, шефе, ќе задоцнам малку на работа. Имав проблем со очите!
– Каков проблем?
– Па, пред малку ги отворив!

– – – – – –

Раководителот го кара работникот:
– Колку пати ви имам кажано да не пиете во работно време!? Вчера, кога бевте трезен, едноставно бев среќен!
– Вчера, шефе, бевте среќен вие, денес мене ми е редот!

– – – – – –

– Женооо, ај донеси ја таа книгата за габите и види оваа дали се јаде!
– Доста со тие простотилуци бе! Секој пат едно те исто! Закопчувај го дуќанот и престани да се налеваш!

– – – – – –

Маж се обраќа кон Бог:
– Господи, зошто сите девојки се нежни и слатки, а сите жени се кучки?
– Јас создавам девојки, а вие ги правите жени…

– – – – – –

– Мацо, ти имаш ли мечта?
– Да, да ослабнам, Кире!
– Зошто не ослабнеш тогаш?
– И што, без мечти ли сакаш да останам?

– – – – – –

Легендата вели дека на почетокот празникот на жените бил 6-ти март, но додека решат што да облечат за прослава, станало 8-ми!!!

– – – – – –

– Кога си роден?
– 14 февруари.
– Ааааа, љубовџија!
– Ти?
– 2 февруари.
– Ааааа…