10 кратки вицови за солзи во очите и болки во вилицата

Со годините станувам сѐ појак и појак. Торба со производи во вредност од 1000 денари веќе носам со 1 рака.

– – – – – – –

– Жено, почна Европското. Можеш слободно да излезеш со другарките.
– Е па супер! А кога да се вратам?
– На 14 јули!

– – – – – – –

– Брат, зошто се скаравте со Перо?
– Зошто е голем лажго и не си стои на зборот.
– Е што те излажа толку?
– Ја ставив жена ми на покер… ја доби и не сака да си ја земе!

– – – – – – –

Еден дечко среќава школска од средно и започнуваат општ муабет. Тој ја прашува:
– Кај си, што работиш?
– Модел сум на Instagram! А ти?!
– Ако е така, тогаш јас сум гангстер на GTA.

– – – – – – –

– Има женски и машки мандарини.
– Е како ги познаваш?
– Машките те прскаат во фацата, а женските без причина се кисели.

– – – – – – –

Трајно пријателство меѓу две жени е можно, само ако двете имаат различен вкус за мажи, а ист вкус за алкохол.

– – – – – – –

– Како се нарекува маж, кошто се женел неколку пати?
– Господарот на прстените!

– – – – – – –

– Како е да си над 55?
– Исто како да си волкот од приказната. Цел ден ја бркаш Црвенкапа, Все едно си вълкът от приказката. Цял ден гониш Червената шапчица, а на крај пак ја џвакаш бабата.

– – – – – – –

– Која е разликата меѓу жената и љубовницата?
– На љубовницата можеш да ѝ се пожалиш од жена ти, а обратно не може.

– – – – – – –

Во продавница:
– Еј мали, ти сигурен ли си дека те испратија по 1 чоколадо и 200 гр. компири?!?