10 кратки вицови за убаво викенд расположение

– Господине, дизел или бензин?
– Ништо, ништо, јас само да разгледам…

– – – – – – –

Свекрва и снаа:
– Зошто си го ударила син ми, ма?
– Па, ми рече дека сум дебела!
– И откако го удри, што?! Ослабе ли?!?

– – – – – – –

Пензионер влегува во пекара и ѝ вели на продавачката:
– Чедо, ај дај ми три леба!
– Ама дедо, ако ти дадам три, ќе ти се стврдне! – го посоветувала таа.
– Вистина ли?! Е па тогаш дај ми шест!

– – – – – – –

– Многу напреднала оваа нашата медицина! – ѝ расправа 80-годишната баба Митра на комшивката. – Едно време, кога имав 20 години, по пет пати се соблекував пред докторот, додека да сфати што ми е. А сега, само ќе ме види на вратата, ми вели „Покажи го јазикот!“ и веднаш ми пишува рецепт.

– – – – – – –

Мице ѝ бил толку верен на жена си, што гледал само п*рно, во кое што нема жени.

– – – – – – –

Во денешно време првата љубов е љубов за цел ден.

– – – – – – –

– Да го пуштам ли телевизорот, да гледаме политичка дебата?
– Пушти го! Ама пушти го од терасата!

– – – – – – –

С*ксот со саканата жена е како задоволството од пивнувањето голтка вино од ретка колекција. С*ксот со случајна позната е како да се напиеш една чашка евтина ракија на екс. Мажите совршено го разбират тоа, но пијат, гадовете, сè пијат.

– – – – – – –

Почитувани проблеми, ве молиме да ми дадете малку попуст, јас сум ваш редовен клиент.

– – – – – – –

Кога ќе размислам подобро, Норвежаните јадат засмрдена риба, Французите – мувлосан кашкавал, Кинезите – лебарки, и после некој ќе ми каже дека ние сме живееле лошо! Не сте виделе полошо, затоа!