10 кратки вицови за весел крај на работната недела

– Тато, точно ли е дека од интернетот се затупувало?
– omg sine lol

– – – – – – –

Господи, дај им мозок на луѓето, а на некои и упатство за употреба со него.

– – – – – – –

– Колку години си?
– Дама не се прашува за години!
– А колку тежиш?
– Па… 40 години сум!

– – – – – – –

– Значи брат, така ги мразам тие понеделниците што…
– Ама чекај бе, денес е петок!
– Е па таква омраза не стивнува за еден ден!

– – – – – – –

Цела корона вежбаш дома, со тегови и се по ред, правиш тело топ и конечно одиш на плажа ова лето. Таму сфаќаш дека жените сакаат јахти.

– – – – – – –

Кога бев малечок, моите ништо не ми купуваа. Сега сум веќе голем, работам, можам и сам ништо да не си купувам!

– – – – – – –

Криза на средна возраст – кога децата ти пораснале, а ти уште не!

– – – – – – –

Семејство во хотел:
– Соба за една вечер ве молам! – вели сопругот.
Мажот тргнува по скалите, а рецепционерката ѝ вели на сопругата:
– Ама среќлика сте. Обично изнајмува соба за 1 час.

– – – – – – –

– Си купив многу добро куче, од два километри ме надушува!
– И јас, време е да се искапеш.

– – – – – – –

С*ксот може да е безопасен, но љубовта никогаш!