10 кратки вицови за весел крај на работната недела

Страшно нешто е генетиката. На ниту еден пратеник синот не работи како заварувач или тракторист!

– – – – – – –

Моите проблеми со довербата во другите луѓе започнаа уште кога бев дете, кога мајка ми прв пат ми рече:
– Дојди тука, нема да те тепам!

– – – – – – –

– Внучке, јадеше ли?
– Да бабо.
– Ај отвори си го Инстаграмот да видам!

– – – – – – –

Чудни суштества се децата… Не пијат, а весели се…

– – – – – – –

Се запишав на курс за водоводџии.
Првата фраза со која започна предавачот ме расплака:
– Заборавете сè што сте научиле за водоводџиите од п*рно филмовите!

– – – – – – –

Мислам дека од мене ќе биде многу добар ветеринар! Внимателно можам да го ислушам на ТВ секое политичко говедо!

– – – – – – –

Короната направи повторно да се чувствувам како да имам 18 години. Ни работа, ни девојка, ни пари!

– – – – – – –

Натпис во еден јавен тоалет:
– Насмевнете се! Во моментот ослабнувате!

– – – – – – –

– Госпоѓо, имате одлично чувство за хумор.
– И плус сум убава.
– Еве го пак.

– – – – – – –

Не можам да ги разберам тие од банките. Прво ми ѕвонат и ме молат да земам пари, за после да ми ѕвонат и да ме молат да ги врќам.