10 кратки вицови за весел крај на работната недела

Еден дедо целата нива си ја засадил со марихуана.
На прашање од полицијата зошто го направил тоа, тој им одговорил:
– Па за да ги вратам младите на село!

Често си зборувам со себе си, но на идиот ништо не можеш да му објасниш.

– Која е разликата меѓу самовилата и вештерката?
– Пет години семеен живот!

Чевлите на една жена јасно говорат за нејзините чувства. На пример, ако ти се близу до ушите, ти најверојатно ѝ се допаѓаш!

– Колку души работат во вашата фирма?
– Пааа штознам… половината.

– Перо, слушнав дека папагалот ви умрел. Од што?
– Од тага. Жената не му даваше збор да каже.

Вистинскиот балкански маж не прашува каде е тоалетот, туку сам решава каде е!

– А сега да наздравиме за тоа што најмногу ни недостига…
– За калциумот!

Зад секоја пијана жена, стои друга пијана жена, која ѝ вели во 3 сабајле:
– Јави му се, ма! Ништо нема да ти биде!

– Мојот е веган, активист, гејмер и еколог!
– Абе и мојот е денгубар без скршена пара, само јас не знам да го кажам така убаво како тебе!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *