10 кратки вицови за весел крај на работната недела
Ситиот на гладниот не му е пријател. Работодавач му е.
– – – – – –
Од дневникот на една жена:
Едноставно го прашав мажот ми дали знае кој ден е денес… Толку е лесно да исплашиш еден маж!
– – – – – –
Разговараат двајца пријатели и едниот цело време жената си ја насловува како „овој мојот мигрант“. Пријателот не издржува долго и прашува:
– Зошто ја нарекуваш жена ти мигрант?
– Затоа што ги поминува сите можни граници!
– – – – – –
– Јас со какви жени можев да бидам, ама…
– Што, ама…
– Ама не сакаа!
– – – – – –
– Жената може да е паметна, но да не го покажува тоа…
– А може да е и глупа и да не го крие…
– – – – – –
Сите совремни рецепти за готвење треба да започнуваат вака:
– Пред да вклучите шпоретот, излезете од Фејсбук…
– – – – – –
Тоа што берберот и таксистот го знаат, не го знае ни Гугл!!!
– – – – – –
– Сине, ти си пушел ли си некогаш трева?
– Јас сум ќерка ти, тато!
– – – – – –
Социјалните мрежи ви создаваат илузија, дека таму некаде некој се нервира од вашето мислење.
– – – – – –
На пазарот еден продавач вика на цел глас:
– Јаболки од Чернобииииил.
Минувач го прашува:
– Не ли ти е срам бе момче, да продаваш такви отровни јаболки? И плус, кој ќе ти ги купи штом вака си се развикал?
– Што зборуваш бе брат, не можам да стигнам, кој за жената купува, кој за бабата.