10 кратки вицови за весел старт на новата 2023-та
– Ти дојде ли платата?
– На кратко, на поминување, се брзаше, не сакаше да се задржува.
– – – – – – –
Ставам картичка во банкомат, ми враќа салфетка за да си ги избиршам солзите.
– – – – – – –
Вест: Најмладиот пациент на токсикологија, 16 години. Ама пак подобро од лани, дечко 15 годишен.
И иде коментар доле: Дан’ е истиот од лани? 🤣🤣🤣🤣🤣
– – – – – – –
– Господине, сте пиеле ли нешто?
– Не!
– Како не кога овде мерачот покажува два промила алкохол!
– Расипан е! Еве ви 1000 денари за ремонт.
– – – – – – –
– Обвинетиот нека стане! Обвинети сте за измама. Сте продавале на наивни граѓани еликсир на вечната младост. Дали сте осудуван претходно?
– Да, почитуван судија… во 1403, 1451, 1639, 1893, 1904 и 1932 година!
– – – – – – –
– Мила, спремен сум да ти дадам се – небето, сонцето, месечината, ѕвездите…
– А бе ти, никакви пари ли немаш?
– – – – – – –
– Од каде си?
– Од Скопје.
– Каде за празниците?
– Дома во Богданци.
– – – – – – –
Брачен пар во ресторан:
– Мажу, заборави да ја кажеш молитвата… Дома секој ден пред јадење се молиш!
– Да жено, но овој готвач знае да готви.
– – – – – – –
Разговараат двајца пензионери:
– Дедо Петре, ако можеше да бираш, што ќе избереше: Да имаш Паркинсон или Алцхајмер?
– Паркинсон се разбира. Подобро да истурам малку од ракијата, отколку да заборавам каде е целото шише!
– – – – – – –
– Миличок, ти се допаѓа ли мојата другарка Мими?
– Глупости, душо, јас те сакам само тебе!
– Ало, Мими, не сака тројка…
Коментирај анонимно