10 кратки вицови за весел старт на работната недела

На времето им ги давав на родителите старите телефони. Вчера тие ми го дадоа стариот апарат за мерење притисок!

– – – – – – –

– Тато, што е тоа безопасен с*кс?
– Па тоа ти е сине, кога таа не ти ги знае ни името ни адресата!

– – – – – – –

– Веќе три месеци не зборувам со жена ми.
– Зошто?
– Не сакам да ја прекинувам!

– – – – – – –

Кога човек е изнервиран телото му осободува нешто кое што привлекува идиоти за да го изнервираат уште повеќе.

– – – – – – –

– Трчам на работа, готвам, чистам, перам, а ти лежиш на каучот и чекаш да ти донесам пиво?! Каков маж си ти бе?!
– Стрплив.

– – – – – – –

Возот од Скопје за Битола. Кондуктерот:
– Господине, сте се качиле на брзиот воз, а картата ви е за обичен. Ќе треба да доплатите.
– Ја не брзам, намали баце!

– – – – – – –

Се чувствувам многу пријатно кога шефот ќе ме фати како работам.

– – – – – – –

Да ве прашам нешто:
– „Селфи“ скратено од селска физиономија ли доаѓа?

– – – – – – –

– Има ли нешто поскапо од здравјето?
– Се разбира дека има – лекувањето!

– – – – – – –

Синот го прашува татко си:
– Тато, што беше тоа сношти што падна и мама рече дека ни Господ не може да го крене?