10 кратки вицови за весел старт на работната недела

Ви посакувам на сите, да си најдете пари во џебовите на есенските алишта!

– – – – – – –

– Тоа блицот од телефонот ли беше?
– Да зошто?
– Сакам друг гинеколог.

– – – – – – –

Ако не можете да си дозволите да заминете некаде за викенд, секогаш можете да се напиете така, што ќе заборавите каде сте.

– – – – – – –

Вчера на работа барав правда, а денес барам работа!

– – – – – – –

Кучето е најдобриот пријател на човекот. Се надевам дека тој ротвајлер ме брка за да ме праша како сум?

– – – – – – –

– Драги, овој пешак е самоубиец! Веќе пет минути трча пред колата! Што да направам?!
– Пробај да слезеш од тротоарот…

– – – – – – –

Доктор се враќа од лов. Многу намуртен и нервозен. Жена му:
– Ништо ли не уби?
– Ништо, мамичето!
– Е па да си седеше во болницата…

– – – – – – –

– Како го крсти бебето?
– Тодор, по татко му.
– Но тој се вика Иво?!
– Иво е маж ми…

– – – – – – –

Во Македонија никогаш не старееш. Еве јас на пример имам 35, а сè уште се чувствувам како да имам 18. Ни работа, ни девојка, ни пари.

– – – – – – –

Совет и за мажите и за жените:
Најсигурниот начин за здраво и среќно семејство е, пред да си тргнете од работа, да не заборавите да се јавите дома и да кажете дека си доаѓате. Нема смисла за некаков си 1 час +/- да си го растурате семејството. Морате на вашиот партнер да му дадете доволно време да заврши и да ги прикрие трагите.