10 кратки вицови за весел старт на работната недела

На пазарот на трудот во Македонија има недостиг на висококвалификуван, нископлатен кадар.

– – – – – – –

Мама ми рече дека ако се тетовирам, можам слободно да се иселам од дома! Тато ме претекна и се истетовира прв!

– – – – – – –

Сонливост е кога се обидуваш да си ги најдеш фармерките во фрижидерот. Мамуралк е тогаш кога навистина ги наоѓаш таму.

– – – – – – –

Кај вистинскиот маж, секоја работа секогаш си е на своето место! Проблемот е што самото место периодично се менува на хаотичен начин.

– – – – – – –

– Како нема да ме боли главата и да сум нервозна со тој три-минутен с*кс…
– Не претерувај ма! А пред некој ден кога издржав повеќе од еден час, а!?
– Кога бе Тошо!?!?! Кога се менеше саатот ли?

– – – – – – –

– Таа си го смени бројот на телефонот, го блокира на сите социјални мрежи, си ја смени адресата… Со еден збор, направи се, за тој да не може да ја најде!
– А тој?
– А, тој воопшто и не ја бараше!

– – – – – – –

По имињата на овцете и козите в стадото, може да се определи кои моми од селото, не му дале на овчарот.

– – – – – – –

– Извинете, ќе дадете ли донација за нашиот старечки дом?
– Да се разбира, еве ви ја свекрвата!

– – – – – – –

Таа беше толку прекрасна и паметна! Што ми требаше да отрезнувам!

– – – – – – –

– Тато, тато, знаеш ли кој воз касни најмногу? – праува синот.
– Кој?
– Тој што требаше да ми го купиш лани за Нова Година.